Креирајте и споделете неверојатни приказни

6

Startap alatki #2 Sway (post photo)

„Стартап алатки“ е серијал текстови од македонскиот старт-ап Brainster кој гради заедница каде што секој ќе може да учи и да сподели практични вештини. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива, споделете со пријателите.

Sway претставува една од последните новини што ги има воведено Microsoft и судејки по изгледот, доста е импресивна. Позиционирана како апликација која што ви овозможува да изградите и споделите еден полиран и интерактивен веб базиран канвас на вашата работа, многумина ја сметаат за полесна верзија од PowerPoint. Но е далеку од тоа… Sway претставува одличен начин за прикажување на слики, но не е традиционална алатка за фото албуми. Ниту пак претставува алатка за градење на апликации иако крајниот резултат е нешто помеѓу апликација, веб сајт и дигитален магазин. Па што тогаш всушност претставува Sway?

__________________________________________________________________________

Популарни курсеви: “How to Pitch–Perfect работилница”

___________________________________________________________________________

Microsoft вели дека Sway е за градење, прикажување и споделување на “дигиталните приказни” и овој опис сосема одлично се вклопува со некои од последните трендови како што се интерактивни приказни и responsive design. Мислете на тоа како на начин за собирање на содржина – почнувајки од фотографии до мапи, од твитови до музика, графици, па дури и PDF, Excel или PowerPoint документи и сето тоа организирано автоматски во професионално презентирана, скоцкана и динамична рамка, која може да ја видите на интернет прелистувач и која што се прилагодува на било која големина на екран.

Лесна за користење, со drag-and-drop фунцкионалности за текст, слики, па дури и твитови, Sway ви овозможува креирање на презентации од вашиот IPhone, таблет или лаптоп каде лесно може да додадете пријатни визуелни ефекети – нешто по што Microsoft станува познат.

Следниот пат кога ќе сакате да презентирате нешто пред вашиот тим или пред група на инвеститори, пробајте ја оваа мошне интересна алатка. Бидете иновативни! Бидете brainster!

Среќно

Brainster заедницата

FB:      https://www.facebook.com/brainster.co

Web:    http://www.brainster.co

e-mail: contact@brainster.co

Тагови: sway, презентации, презентирање, приказни, стартап алатки