Криминалците преферираат старомодни начини на перење пари

147

Криптовалутите ретко се користат за перење пари во споредба со фиат валутите и другите традиционални методи, покажува анализата на Здружението за меѓународни меѓубанкарски финансиски телекомуникации (Society for Worldwide Interbank Financial Telecommunications – SWIFT).

“Утврдените случаи на перење пари преку криптовалути и понатаму се релативно ниски во споредба со количината на пари што се ‘пере’ со традиционални методи“, се наведува во извештајот на SWIFT под името Follow the money.

Перењето пари и понатаму е голем проблем за економијата и за светот во целина. Според податоците на Обединетите нации за дрога и криминал, перењето пари достигнува вредност од 800 милијарди до две илјади милијарди долари и зафаќа од два до 5% од глобалниот бруто домашен производ.

Ова значи дека криминалците и понатаму ги користат старомодните начини на перење пари, како што е нелегална трговија, работа исклучиво со готовина и слично.

Фото: Pexels