Kрипто измама ја тресе Хрватска – компанијата не била регистрирана за инвестирање во крипто средства

Сопственикот на компанијата BitLucky, Лука Буразер, како што пишуваат хрватските медиуми, измамил околу 800 луѓе за приближно 70 милиони евра.

Буразер отворил инвестициска фирма за криптовалути, привлекувајќи поединци со ветувања за високи приноси. Дури и повеќе од 100 проценти годишно.

Ова траеше неколку години, но потоа пропадна крипто-пазарот, како и тој „бизнис модел“.

Компанијата е основана во 2018 година, а нејзиниот бизнис почна само со зголемувањето на вредноста на биткоинот, која за три години се искачи од околу четири илјади долари на речиси 70 илјади.

„Минатата година преку BitLucky добив уплата од 50.000 евра и продолжив да вложувам пари, но сега не можам да стигнам до мојот влог, сопственикот не одговара, а не можам да стигнам до останатите 120.000 евра , кои потоа ги инвестирав“, изјави за tportal еден инвеститор од Риека.

Не се знае ни каде е Буразер, а не се знае ниту каде исчезнаа 70-те милиони евра.

Она што се нагласува во медиумите е добрата вест дека серверите на компанијата се наоѓаат во САД, со што Хрватска потпиша меморандум за борба против сајбер криминалот.

Хрватската агенција за надзор на финансиските услуги (Ханфа) објави соопштение во кое се наведува дека BitLucky не бил регистриран за инвестирање во крипто средства.

Хрватскиот гувернер Борис Вујчиќ рече дека пазарот на криптовалути не е регулиран и дека треба „да се биде многу внимателен ако е изложен на тој пазар“.

„Многу јасно кажавме дека ако одите на тој пазар, бидете подготвени да одите со сумата што може да ја изгубите“, смета Вујчиќ.

Фото: Pixabay