Кристал 1923 првото полугодие го заврши со добивка од 37,4 милиони денари

28

Прехранбената индустрија Кристал 1923 од Велес првото полугодие од 2021-ва година го заврши со вкупна сеопфатна добивка од 37.444.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на првото полугодие во минатата година, добивката на компанијата достигна 7.827.000 денари.

“За шесте месеци од оваа година се остварени вкупни приходи во износ од 312.301.000 денари и во однос на лани за истиот период се намалени за 4%. Поголем дел од приходите се од домашен пазар, приходите од странски пазари во однос на претходната година се намалени за 29%“, стои во Образложението за остварените резултати.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти јуни оваа година, изнесуваат 312.002.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 295.793.000 денари, а остатокот од 16.209.000 денари е остварен на странски пазари.

“Прогласената пандемија од ковид-19 немаше негативно влијание врз работењето во 2021-ва година и не очекуваме позначајни импликации врз резултатите од работењето на друштвото и во наредниот период“, стои во Образложението.

Фото: Facebook