Кристален декор вреден 83.000 долари

19

luksuz-dekor-slon-baccarat (3)Слонот кај многу култури важи за мистично и елегантно животно и често пати е инспирација за изработка на декоративни предмети. Овој пат престижниот бренд Baccarat реши да му даде еден луксузен лик.

За изработка на овие украсни слонови брендот користеше темен кристал кој е декориран со контрастни елементи со бронзена боја, па така потсетува на оседланите слонови во индиската култура.

luksuz-dekor-slon-baccarat (2)

Оваа нивна креација, која е еден вид на вазна, го носи името Baccarat Mémoire Elephant Vase Holder. Цената на ова префинето парче декор, кое Baccarat го претстави на Универзалната изложба 1878, е 82.545 долари.

За љубителите на ова животно, брендот нуди уште еден предмет, кристален слон со темно сина боја, кој може да биде совршен декор во дневната, работната соба или канцеларијата. Неговата цена изнесува 37.000 долари, а самиот предмет симболизира сила, убавина, почит и лојалност.

luksuz-dekor-slon-baccarat (1)

Во некои култури слоновите се олицетворение на среќа и мудрост, а важат за животни со најдобра меморија.