Кристално ѕвоно за Aлкалоид, Комерцијална банка и Македонски телеком

61

Алкалоид, Комерцијална банка и Македонски телеком се добитници на наградата Кристално ѕвоно за 2017 година, што традиционално ја доделува Македонска берза за најтранспарентно котирано акционерско друштво, информираат од Берза.

Наградите на најуспешните им беа доделени во рамките на деветнаесеттата годишна конференција на Берзата што се одржа во Охрид.

Согласно оценките на Изборната комисија за најтранспарентни котирани друштва на Македонската берза за 2017 година Алкалоид го освои првото место, второто му беше доделено на Комерцијална банка, а Македонски телеком ја освои третата награда.