Крка и Горење најголеми словенечки извозници

21

KRKA

Фармацевтската компанија Крка и произведувачот на апарати за домаќинство Горење се најголемите словенечки извозници. Овие две компании минатата година на странски пазари оствариле приход од преку две милијарди евра.

Според листата што ја објави Дело, Крка во 2014 година извезла производи во вредност од 1,1 милијарди евра, а Горење нешто повеќе од една милијарда евра, пишува Seebiz.

Трет најголем словенечки извозник е фармацевтската компанија Лек Љубљана, која работи под капата на швајцарската Sandoz, со извоз од 982 милиони евра. По Лек е компанијата од автомобилскиот сектор Ревоз, во сопственост на француски Renault, со извоз од 837 милиони евра.

Најголемите 130 извозници вработуваат 77.000 луѓе, а три четвртини од приходите ги остваруваат на пазарите во ЕУ.