Крка со 12% поголема чиста добивка во првите девет месеци

25

KRKAСловенечката фармацевтска компанија Крка во првите девет месеци годинава остварила приход од продажба во висина од 857,8 милиони евра, што е за 5% повеќе во споредба со истиот период лани. Чистата добивка е зголемена за 12%, на 116,9 милиони евра, објави компанијата преку Љубљанска берза.

Преку 92% од приходот од продажба е остварен на странски пазари, а преку една третина е од пазарите во источна Европа. Најголем дел од продажбата е реализиран во Руската федерација, каде извозот во однос на трите квартали лани е зголемен за 24%.