Кроациа Осигурување – Живот ја прошири листата на продажни места за користење на Картичката за лојалност

23

karticka3

Кроациа Осигурување – Живот повторно ја зголеми листата на продажни места каде можете да ја искористите Вашата картичка за лојалност.

“Станете наш осигуреник и стекнете се со правото на користење на Кроациа картичка за лојалност која Ви овозможува попуст при посета на ресторани, кафулиња, салони за убавина, фитнес центри, училишта за странски јазици, продавници за детски играчки, стоматолошки ординации, парфимерии, туристички агенции итн.”, стои во соопштението.

Кроациа Осигурување – Живот и Вашата Кроациа картичката за лојалност овозможуваат попуст на повеќе од 250 локации низ Македонија.

Отсега со Вашата картичка за лојалност можат да се користи попуст и во: Kinder park, Центар за странски јазици и преводи Летрас, Хотел Буши ресорт & спа, АБЦ кафе бар, Аурора турс, Аурора ресорт и Спа 5*, Промедика естетик, Продавница за детска облека Wenice, игротека Тиквичка и уште повеќе од 200 други локации низ Р. Македонија.

НАПОМЕНА:

– Право на користење на картичката за лојалност имаат сите полнолетни осигуреници на Кроациа Осигурување – Живот;

– Со приложување на Вашата картичка за лојалност користите однапред дефиниран попуст на локациите објавени овде.

– Вашата картичка за лојалност потребно е да ја приложите пред да Ви биде издадена фискалната сметка;

– Заради потврдување на сопственоста на картичката за лојалност нашите соработници имаат право да Ви побараат приложување на лична карта на увид;

– Попустот не важи за производи и услуги кои се веќе на промотивен попуст кои го одобрува самата компанија.

Доколку сè уште не сте ја добиле Вашата картичка за лојалност, истата може да се нарача преку Вашиот осигурителен брокер или директно на info@cro.mk.