Кроација ерлајнс повторно редовно лета

16

CAПо осум дена, заврши штрајкот во хрватската национална авиокомпанија Кроација ерлајнс. Од утрово се нормализирани сите летови.

Неофицијално, синдикатот се согласил на 9% намалување на платите, а Управата ветила да го запре процесот на давање откази на 42 членови на кабинскиот екипаж кои беа на боледување на 1 мај. Преговорите за нов колективен договор ќе продолжат.

Според досегашните пресметки, Кроација ерлајнс поради овој штрајк загуби 1,06 милиони евра.