Крофна од 100 долари прелиена со злато

38

Would you tuck in or gold leaf it alone?

Денес може да се најде шампањ со ливчиња од 24-каратно злато, млеко за тело со сличен состав, но сепак за љубопитното око и гладните купувачи најпопуларни се јадењата коишто во себе содржат злато што може да се јаде.

Најново во светот на вкусните златни задоволства е и оваа крофна од 100 долари, којашто е прекриена со 24-каратни златни ливчиња. Скапото хедонистичко задоволство може да се најде во Бруклин, Њујорк, во филипинскиот ресторан Manila Social Club, пишува Forbes.

Таму вештиот пекар Бјорн Делакруз ги прави крофните исклучиво во петок, а бројката е според нарачките добиени претходниот ден.

За слатките задоволства тој користи специјално тесто pâte à choux, направено од брашно со виолетова боја. Крофните се полнети со виолетов мус и декорирани со желе од познатиот Cristal шампањ коешто Бјорн го подготвува претходниот ден. Декорацијата завршува со глазирање на крофните и нанесување на ливчињата од 24-каратно злато.