Kromberg & Schubert отвора фабрика во Битола

310

ks-1-1Во индустриската зона Жабени, кај Битола, денес свечено ќе биде отворена новата фабрика на германската компанија Kromberg & Schubert.

На свечениот настан предвидено е да се обратат Ханс Отто Кромберг сопственик на Групацијата Kromberg & Schubert GmbH, македонскиот премиер Никола Груевски, министерот задолжен за странски инвестиции Веле Самак, како и градоначалникот на Битола Владимир Талески.

Kromberg & Schubert е компанија која произведува кабли за возилата ауди, мини морис и БМВ. Во фабриката во Битола веќе се вработени над 800 лица, до декември се очекува уште 200 вработувања, а до 2015 година се очекува бројот на вработените да се заокружи на 2.500.