Судирите се составен дел од мотоспортот, но оваа сезона во Formula 1 кршењето и оштетувањето на болидите не било никогаш поскапо
По инцидентот помеѓу Луис Хамилтон од Mercedes и Макс Ферстапен од Red Bull на патеката Силверстоун за време на Formula 1 трката за Големата награда на Велика Британија, една од работите која најмногу ги налути луѓето во Red Bull, покрај ризикот за нивниот возач и загубените бодови, беше и трошокот за самиот судир.
Сметките за поправка на болидите во Formula 1 отсекогаш биле високи поради специјално направените компоненти и високата технологија која ја користат F1 возилата, но од оваа година, трошокот за поправка по голем судир е најголемиот досега, смета Сем Колинс.
Со оглед на тоа дека F1 се залага за воведување на ограничувања на трошоците со цел да се одржат истите под контрола и да се поттикне конкуренцијата, тимовите од горниот ешалон кои немаат проблеми со финансиите се туркаат до границите на нивните буџети. И покрај тоа што оставаат малку простор за поправки, големите судири како оној на патеката Силверстоун би можеле да ги приближат поблиску до нивните ограничувања отколку што посакуваат.
Ако се земе предвид дека за секој дел е потребна комплексна конструкција и совршена изработка, развојот и производството на секоја компонента чини едно вистинско мало богатство. Големиот судир кој го доживеа вториот возач на Mercedes Валтери Ботас, претходно оваа сезона, се проценува дека го чинел неговиот тим 1 милион долари.
Штедење поради големи промени
Такви се ограничувањата на Formula 1 тимовите за кои Колинс тврди дека, по судирот кој го имаа Хамилтон и Ферстапен, го принудија Mercedes да одлучи да залепи дел од крилото на F1 болидот на Хамилтон, наместо да го замени целото предно крило, како што впрочем би правеле и во минатото, а се со цел да заштедат пари.
Иако на тимовите им е дозволено да го надминат својот буџет за пет проценти (околу 7,5 милиони долари) во случај да претрпат некои неочекувани пречки и трошоци, за кои не е разумно да штедат, сепак тие зависат од FIA која треба да го одобри сето тоа. Ако FIA не ги одобри тие дополнителни трошоци, тогаш тие трошоци ќе влезат во буџетот за следната сезона.
За тимовите како Red Bull и Mercedes кои се во жестока битка во која се цени секој потрошен долар и навлегување во сезона која ќе донесе големи промени во дизајнот на возилата, принудувањето да трошите дел од буџетот за следната сезона значи буквално ставање под хипотека на иднината на тимот, а ниту еден тим не сака да го направи тоа.
Преземено од Avtoplus.mk