Куба ја укина забраната за увоз на апарати за домаќинство

47

cubaКуба одобри поединечен увоз на апарати за домаќинството како што се клима уреди, ладилници и микробранови печки, со што ја укина забраната од 2005 година поради недостаток на електрична енергија и рестрикции. Сега Кубанците ќе можат да внесат во земјата по два апарати по човек за некомерцијални намени. На листата дозволени апарати покрај веќе споменатите се наоѓаат и бојлери, тостери и пегли.

Увозот на апарати за домаќинството беше забранет пред осум години поради енергетската криза и тогашниот претседател Фидел Кастро покрена т.н. Енергетска револуција, барајќи од жителите да ја намалат потрошувачката на електрична енергија.

Испадите во системот се многу поретки денес, делумно поради константниот доток на нафта по повластени услови од Венецуела.