Куба легализира 18 нови професии за да го унапреди приватниот сектор

17

kubaКубанските власти ја проширија листата дозволени професии во приватниот сектор, како дел од економските реформи што во 2010 година почна да ги спроведува претседателот Раул Кастро. На листата се додадени 18 категории за самостојно вработување. Најзначајна дозволена професија е агенти за недвижности, кои досега во земјата оперираа на црно затоа што технички беше нелегално да се земаат пари за спојување на купувачи и продавачи. Сега се дозволени и професиите продавач на земјоделски производи и агент за продажба на телекомуникациски услуги.

Целта е да се развие клима на доверба и легалност, додека Куба работи на транзиција во економијата, во која приватното не е само “толерирано”, туку му се дава и активна поддрша, пишува весникот Granma.

Легализацијата на новите професии ќе помогне во отворање на нови работни места и ќе и овозможи на државата да се фокусира на активности коишто ќе го зацврстат развојот на економијата.

“Одлучивме да дадеме лиценца на уште професии затоа што земјата сега е подобро позиционирана за снабдување со потребни примарни материјали, опрема и други потребни работи до мрежата на продавници”, изјави министерот за труд Хозе Бареиро за весникот.

Преку 436.000 Кубанци се самостојни претприемачи, а меѓу нив се сопственици на ресторани, бербери, електричари, механичари и други. Бројот на дозволени професии во приватниот сектор, со новите 18 достигна бројка од 199.