Куба почнува со вакцинација со својата Soberana 2

28

Куба најави дека ќе вакцинира 150.000 работници кои се наоѓаат на првата линија на борба против пандемијата во рамки на завршната фаза на клиничките испитувања на вакцината Soberana 2.

Како што пренесува Ројтерс, со вакцинацијата ќе бидат опфатени медицински работници и друг персонал со висок ризик.

“Куба би можела веднаш да имунизира 150.000 луѓе, бидејќи третата фаза од испитувањето на вакцината се покажа како исклучително безбедна“, напиша на Twitter, министерот за надворешна трговија и и инвестиции на Куба, Родриго Малмиеркa.

Soberana 2 се наоѓа во во последната фаза од клиничките испитувања и вклучува 44.000 доброволци.

Островската земја која што има 11 милиони жители секојдневно регистрира над 600 нови случаи на заразени, што е многу повеќе од истиот период лани.

Од почетокот на пандемијата, земјата пријавила 65.000 случаи и 387 смртни случаи, што е една од најниските стапки на светот по глава жител.

Кубанските власти се обврзаа оваа година да го вакцинираат целото население со една од петте експериментални вакцини во развој.

Фото: Pixabay