Куба – земја што ѝ застана на патот на пандемијата и развива четири вакцини

102

Во земјите членки на Европската унија како да владее таен консензус дека во борбата против коронавирусот постојат само вакцини од западот. Најчесто се споменуваат американската Moderna, американско – германскиот двоец Pfizer и BioNTech, британско – шведската компанија AstraZeneca и Janssen Pharmaceutical од Белгија.

Освен тоа, се споменува и руската вакцина Sputnik, а многу помалку се зборува за Кина, Индија и Иран, земји што исто така развиваат вакцини, но најмалку се споменува Куба – земја што важи за медицинско чудо и паралелно развива дури четири вакцини.

Иран и Куба склучија договор за соработка на вакцина против коронавирусот. Кубанскиот државен институт за вакцинирање Finlay објави дека потпиша договор со институтот на Иран за испитување на најнапредната од четирите кубански вакцини, Soberane 2.

Оваа вакцина успешно ја помина втората фаза од клиничките испитувања, а третата и последна фаза во исто време ќе се спроведува на Куба и во Иран. Освен на 150.000 жители на Хавана, вакцината ќе се тестира и на 50.000 доброволци во Иран.

Интересен е фактот поради кој Куба го избра Иран за соработка. Бидејќи Куба успешно се справува со пандемијата и има ниска стапка на зараза, нема доволно заразени граѓани за да ја тестира вакцината. Поради тоа посегнале по иранскиот “базен на заразени“, бидејќи имаат највисоки бројки од сите земји на Блискиот исток, пренесува Слободна Далмација.

Фото: Freepik