Kuehne + Nagel: 20 години иновативна логистика во Македонија

173

7r1a8723

Како дел од глобалното семејство, Kuehne + Nagel ја основаше канцеларијата во Македонија пред 20 години. Денес Kuehne + Nagel Македонија е високо позиционирана на македонскиот пазар, рамо до рамо со најдобрите во класата логистички компании, велат од компанијата.

7r1a9040

Основана во 1996 година, со своја главна канцеларија во Скопје, Kuehne + Nagel Македонија денес брои 19 логистички специјалисти кои се подготвени да одговорат на предизвиците од клиентите. Оваа посветеност на високо мотивираниот тим ја издигна Kuehne + Nagel Македонија високо на пазарот и ја смести рамо до рамо со најдобрите во класата логистички компании. На почетокот основна услуга беше камионскиот транспорт, согласно тогашните барања на пазарот, но со текот на времето како растеше канцеларијата во Скопје, така се зголемуваше портфолиото на услуги кон клиентите.

7r1a9021

Денес, Kuehne + Nagel Македонија подеднакво ги нуди своите услуги за камионски, бродски, авионски транспорт, договорна логистика, како и осигурување во транспортот со KN Sure и интернет базираната алатка за контрола на пратките KN Login.

7r1a8733

Компанијата годишно превезува над 15.000 копнени пратки, над 2.000 контејнери, над 300 тони авионски пратки со годишен обрт од над 350 милиони денари.

7r1a8991

“Следејќи ги промените кои се случуваат во државата на економски план, отворањето на новите фабрики и новите странски инвестиции, ние континуирано планираме и креираме производи согласно индустриските потреби на пазарот. Нашата цел е да ги промовираме и имплементираме глобалните производи на Kuehne + Nagel на македонскиот пазар согласно локалните можности и услови. За да продолжиме со ова темпо и да постигнуваме повеќе успеси, постојано ги усовршуваме услугите кои ги нудиме, а со таквата стратегија ја зацврстуваме позицијата на пазарот“, изјави Благица Трпезановска директор на Kuehne + Nagel Македонија.