Kuehne + Nagel добитник на награда за транспорт и логистика

33

На годишната церемонија во Амстердам на Supply chain finance community, компанијата Kuehne + Nagel ја доби наградата во категоријата транспорт и логистика, стои во соопштението.

Наградата е за надградба на постоечката платформа за електронско фактурирање Tradeshift, преку којашто освен целосна транспарентност на статусот на фактурата, корисникот добива и информации поврзани со таканаречените Supply chain finance.

Решението на Kuehne + Nagel овозможува правење на фактура преку интернет и плаќање во рок од неколку дена. Со интегрирање на овие активности во една платформа, Kuehne + Nagel на своите клиенти може да им понуди лесно испраќање на фактури и обработка на плаќања.

“Решението на Kuehne + Nagel е интегрирана платформа што овозможува паметно вметнување на постоечката платформа за електронско фактурирање со додаток за плаќање“, велат од Жирито што ги доделува наградите.

“Финансиското решение значително го подобрува циклусот на конверзија на готовите пари и ги подобрува односите со клиентите. Оваа награда е одлично признание за напорите на Kuehne + Nagel да создаде бенефити за сите страни преку подобрување на процесите за фактурирање“, изјави Маркус Бланка – Граф од Kuehne + Nagel International AG.

Преку својот банкарски партнер Citi, Kuehne + Nagel овозможува предвремено плаќање во 16 европски и северноамерикански земји, покривајќи осум валути. Планирано е проширување на овие активности во Азија и Блискиот Исток.

The Supply chain finance community претставува независен глобален комитет составен од познати институции, корпорации и финансиски професионалци кои ги споделуваат најдобрите практики и истражувања во областа.

Во јуни минатата година, Kuehne + Nagel беше прогласен за победник во категоријата најдобар трговец на наградите Adam Smith.