Kuehne + Nagel дополнително го проширува бизнисот во автомобилската индустрија

30

kine-nagel-580x529

Од 1-ви ноември 2015, Kuehne + Nagel ќе го опслужува BMW Group со опсежна палета на услуги, во делот на логистика за резервни делови. Kuehne + Nagel ќе го поддржува BMW Group во имплементација на новата структура за нивната комплексна логистика на резервни делови во централниот дистрибутивен центар (CDC) во Баварија. Од CDC, BMW Grоup обезбедува делови на своите регионални дистрибутивни центри низ светот, кои понатаму ја обезбедуваат испораката на локалните овластени дилери на BMW во одделни држави. Kuehne + Nagel од ноември постепено ќе ја преземе работата на три CDC локации во долна Баварија. Како дополнување на работата прием на роба, контрола и пакување на резервните делови се вклучени во услугата. Исто така, Kuehne + Nagel ќе биде одговорна за складирање, комисионирање и испорачување на стоката.

“Веќе долги години Kuehne + Nagel е силен партнер на автомобилската индустрија. Овој нов договор со BMW Grоup ја истакнува нашата стручност, особено во извршување на сложени активности во логистиката на резервни делови. Задоволство ни е што го проширивме нашето партнерство со BMW Grоup”, изјави Јенс Воленсен, член на управниот одбор на Kuehne + Nagel Германија, кој е одговорен за договорна логистика.

Со повеќе од 66.000 вработени на 1.000 локации, во повеќе од 100 земји, групацијата Kuehne + Nagel е една од водечките светски логистички компании. Цврстата позиција на пазарот се базира на бродскиот, авионскиот, камионскиот транспорт и договорната логистика, со јасно фокусирање на понудата на IT-базирани ланец на услуги. Повеќе информации ќе најдете на www.kuehne-nagel.mk.