Kuehne + Nagel ги проширува своите дигитални KN FreightNet решенија за збирните бродски пратки

4

kine nagel

По претставувањето на KN FreightNet за авионски пратки во 2014 година, Kuehne + Nagel ги лансира своите дигитални решенија за резервирање на збирни бродски пратки ’од врата до врата’.

Збирните бродски пратки (LCL) се значаен дел од бродскиот бизнис за Kuehne + Nagel. Со централни магацини на глобално ниво и густо распространета мрежа, клиентите на Kuehne + Nagel имаат корист од ефикасни оперативни процеси и кратки транзитни времиња.

Добивањето понуди и резервирањето на пратки е процес кој често одзема време што може да доведе до доцнење. Со користењето на KN FreightNet за LCL, клиентите можат да добијат онлајн понуда за брзо време за пратки во увоз и извоз, и можат да ја потврдат својата резервација побрзо од било кога. Не е потребна претходна регистрација, бидејќи веб алатката е достапна за сите.

Понудите се базирани на едноставни детали за пратката, како што се место на утовар, крајна дестинација, тежина и волумен. Корисниците добиваат јасно структуриран преглед на понудата со вклучени цени ’од врата до врата’, вклучувајќи ги и сите применливи трошоци, како и пресметано време на испорака.

kine 2

Корисниците можат да направат понуда или резервација, валидна за 30 дена, а да ја сочуваат за користење подоцна. Корисниците, исто така, со апликацијата KN Login можат да го одредат статусот и деталите за транспортот на збирната (LCL) бродска пратка додека пратката е во транзит.

Ото Шахт, извршен потпретседател за бродска логистика, изјави: “Чест ни е што сме пионери во нашата индустрија, да можат нашите клиенти лесно и едноставно да прават LCL понуди и резервации. Брзината и едноставноста на KN FreightNet за LCL се клучните елементи за ова дигитално иновативно решение. Дури и високо комплексните ’од врата до врата’ барања се пресметуваат во секунда.”

KN FreightNet за LCL сега е глобално достапна на www.knfreightnet.com/lcl/.

Со повеќе од 66.000 вработени на 1.000 локации во повеќе од 100 земји, групацијата Kuehne + Nagel е една од водечките светски логистички компании. Цврстата позиција на пазарот се базира на бродскиот, авионскиот, камионскиот транспорт и договорната логистика, со јасно фокусирање на понудата на IT-базирани ланец на услуги. Повеќе информации ќе најдете на www.kuehnenagel.mk.