Kuehne + Nagel го зајакнува своето присуство во Индонезија со стратешка аквизиција

16

Kuehne + Nagel ги купи логистичките операции на Wira Logistics, водечка индонезиска компанија за логистика. Стратешката аквизиција ќе ја зајакне националната мрежа за складирање и дистрибуција на Kuehne + Nagel во Индонезија.

Џанфранко Сгоро, член на Управниот одбор на Kuehne + Nagel International AG, одговорен за логистиката на договорот, за оваа прилика изјави:

“Индонезија е еден од најважните интернет пазари во Југоисточна Азија во однос на нејзината големина, јакнењето на средната класа и дигитално образуваната популација. Оваа аквизиција ќе помогне за подобро искористување на нашата глобална стратегија за е-трговија. Во исто време ќе ни овозможи да го зајакнеме нашето логистичко влијание во Азија и да се позиционираме како како водечки снабдувач на логистички услуги.“

Проширувањето на можностите за складирање и дистрибуција на Kuehne + Nagel во Индонезија, каде увозот и извозот генерираат приближно 300 милијарди долари годишно, е стратешки фокус на компанијата. Растечката средна класа на земјата ја зголемува куповната моќ што ја прави важен потрошувачки пазар за многу компании.

“Kuehne + Nagel започна со работа во Индонезија во 1992 година. Со текот на годините станавме логистички партнер на многу мултинационални корпорации и локални компании. Овие партнерства сведочат за нашата експертиза и разбирањето на потребите на клиентите, без разлика на големината на нивните компании. Многу не радува оваа аквизиција и можностите што истата ќе ги креира за нашиот бизнис”, изјави Џенс Друјс, претседател на Kuehne + Nagel за Јужна Азија и Пацификот.

“Wira е горда што ќе ја прошири плодната соработка со Kuehne + Nagel. Нашите постоечки и идни клиенти ќе имаат многу бенефиции од водечката позиција на Kuehne + Nagel на пазарот, нивните способностите и глобалната експертиза,” изјави Екахади Џаја претседател и комесар на PT. Wira Logistics.