Kuehne + Nagel и GSK потпишаа договор за глобално логистичко партнерство до 2021 год. Со овој договор Kuehne + Nagel има главна задача да го обезбедува транспортот на суровините од добавувач до трговецот за оваа водечка фармацевстка компанија.
Договорот го означува официјалниот почеток на соработката која што ќе доведе до значајно логистичко поврзување помеѓу двете компании; Kuehne + Nagel ќе обезбеди искуство, знаење и стратешка можност да испорача покачена вредност низ глобалните оперативни процеси во ланецот на набавки на GSK.
Со безброј добавувачи, голем број на производствени единици и мноштво специфични маршрути до пациенти и потрошувачи во повеќе од илјада држави, GSK има потреба од софистицирани и глобални од “крај до крај“ логистички решенија. Kuehne + Nagel беше избран како партнер од страна на GSK поради постоечките придобивки на компанијата, како што се искуството во индустријата, поставеноста во интегрираната логистика и значајните стратешки инвестиции во фармацевтската логистиката.
Дерлеф Трефзгер, извршен директор на Kuehne + Nagel International AG, изјави: “Ние сме многу среќни со оваа долгогодишна соработка со GSK. Нашиот фокус е да ги подобриме постоечките знаење и индустриски специфичните решенија во фармацевтскиот сектор, а тоа ќе обезбеди значајна корист на GSK. Нашиот интегриран логистички пристап, кој се состои од авионски, бродски и камионски услуги и логистички контролни центри во четири регионални магацини, ќе овозможи глобалниот ланец на набавки на GSK да се движи со подобри перформанси.”
Со повеќе од 66.000 вработени на 1.000 локации во повеќе од 100 земји, групацијата Kuehne + Nagel е една од водечките светски логистички компании. Цврстата позиција на пазарот се базира на бродскиот, авионскиот, камионскиот транспорт и договорната логистика, со јасно фокусирање на понудата на IT-базирани ланец на услуги. Повеќе информации ќе најдете на www.kuehnenagel.mk.