Kuehne + Nagel им помага на децата со посебни потреби во Коменски

64

2

Kuehne + Nagel Македонија, компанија за меѓународен транспорт и логистика, заедно со трговското друштво на австриската амбасада во Македонија, минатата недела организираше хуманитарен настан – аукција за одредени предмети. На аукцијата гостите се наддаваа, а собраните средства се наменети за опремување на специјална училница за деца со посебни потреби во основното училиште Јан Амос Коменски во општина Карпош.

Во Коменски учат околу 600 ученици, од кои 30 се со развојни проблеми и посебни образовни потреби (ПОП). Меѓу учениците со ПОП и развојни проблеми има ученици со аутизам, Даунов синдром, Вилјамс синдром, интелектуална попреченост, емоционални проблеми, мешовити пречки во развојот и друго. Во училиштето за децата со ПОП и развојни проблеми има обезбедено просторија во која учениците дел од работниот ден го поминуваат со своите дефектолози (пратители), за да можат да постигнат поголем образовен напредок. Поради овие и низа други активности кои училиштето успешно ги реализира, Коменски е прогласено за Модел училиште на ниво на Р. Македонија во работата со деца со ПОП и развојни проблеми. Собраните средства од аукцијата ќе помогнат да се подобри квалитетот во работата со овие дечиња, преку соодветно опремување на просторија за индивидуална работа со нив.

3

Kuehne + Nagel International AG е глобална компанија за транспорт и логистика, основана во 1890 година во Бремен, Германија. Нуди меѓународен транспорт и локална дистрибуција, како и шпедитерски услуги и осигурување во транспортот. Во 2010 година, Kuehne + Nagel е водечки глобален товарен шпедитор, со 10% удел во воздушниот и бродскиот товарен бизнис според приходот, пред компании како DHL Global Forwarding, DB Schenker Logistics и Panalpina.

Kuehne + Nagel има преку 1.000 канцеларии во над 100 земји, со повеќе од 63.000 вработени. Во Македонија е формиран во 1996 година. Секоја година управува со повеќе од 1.000.000 тони авионски пратки низ сопствената мрежа до главните меѓународни пазари. Специјалистите за бродски транспорт можат во секој момент да им помогнат на клиентите да го најдат најдоброто решение, а патните логистички услуги се поддржани од софистициран систем за следење и прегледност на стоката.

1

Kuehne + Nagel е логистички партнер на еден од светските производители на авиони, Airbus, а пред неколку дена го обнови договорот со Danone Полска, компанија на која и пружа логистички услуги уште од 2001 година. Квалитетот на услугите што ги пружа оваа компанија го препозна и Royal Caribbean Cruises Ltd. кој во мај годинава, во Мајами и ја додели на Kuehne + Nagel највисоката награда за квалитет и исклучителни перформанси, Royal Contribution Award за 2014.