Kuehne + Nagel ја прошири водечката позиција во логистика на лесно расиплива стока

123

Фото: Kuehne + Nagel

Со аквизицијата на Commodity Forwarders Inc. (CFI), водечки авионски пренесувач на лесно расипливи производи во САД и Trillvane Ltd, еден од најголемите специјалисти за лесно расиплива стока во Кенија, Kuehne + Nagel ја проширува својата глобална мрежа и ја зајакнува својата позиција во обезбедување на “од почеток до крај” меѓународни и домашни решенија за синџирот свежи производи.

CFI, основана 1974 од Алфред Килевинд, како канцеларија со еден човек во Лос Анџелес што испорачува јагоди во Европа, денес оперира на 14 локации низ САД, вклучувајќи ги Аљаска и Хаваи, со преку 700 вработени. Компанијата е специјализирана за извоз и увоз со воздушен транспорт и дистрибуција на морски плодови, сите видови земјоделски производи, цвеќиња и зеленчук. Како лидер во индустријата за лесно расиплива стока во САД, CFI се диференцира преку својата експертиза, способност да обезбеди врвна квалитетна достава на свежи производи за своите клиенти.

Алфред Килевинд, основач и извршен директор на CFI, изјави: “Со нетрпение очекуваме да станеме дел од Kuehne + Nagel групата. Планираната трансакција ќе ни понуди нови перспективи за развој и пристап до глобална логистичка мрежа. Корисниците на двете компании ќе имаат корист од проширениот опсег на услуги. ”

Аквизицијата на Trillvane Ltd, Кенија, ќе ја зајакне позицијата на Kuehne + Nagel во преносот на стока меѓу Кенија и Европа, особено во Велика Британија. Со своите 130 вработени, Trillvane е специјализирана за извоз на цвеќе и зеленчук. Локацијата на меѓународниот аеродром во Најроби обезбедува лесен и брз пристап до сите поголеми авиокомпании, што овозможува скратување на транзитното време, што пак води до заштеда на трошоците и оптимално ракување со температурно чувствителни стоки.

Јнгве Руд, член на Управниот одбор на Kuehne + Nagel International AG, изјави: “Двете аквизиции означуваат уште еден важен чекор во нашата глобална стратегија за логистика на лесно расиплива стока. Бизнис потенцијалот во овој постојано растечки глобален сектор е огромен. Врз основа на нашата посветена мрежа и глобално интегрирани ИТ системи, можеме да ги прошириме можностите за бизнис и да го забрзаме нашиот раст во овој сектор. Во исто време, го подобруваме нашето глобално и национално позиционирање во авионскиот превоз. Заедно со CFI, Kuehne + Nagel станува број 2 препраќач во воздушниот сообраќај во САД и аквизицијата на Trillvane ја потврдува нашата водечка позиција во Кенија.”

Сите страни се согласија да не ја откриваат куповната цена. Двете трансакции подлежат на одобрување од надлежните органи за контрола на спојувањето, стои во соопштението.

Со повеќе од 70.000 вработени на преку 1.300 локации во повеќе од 100 земји, групацијата Kuehne + Nagel е една од водечките светски логистички компании. Цврстата позиција на пазарот се базира на бродскиот, авионскиот, камионскиот транспорт и договорната логистика, со јасно фокусирање на понудата на IT-базирани ланец на услуги. Повеќе информации ќе најдете на https://home.kuehne-nagel.com/.