Kuehne + Nagel ја проширува својата збирна мрежа до Турција

42

kine nagel

Kuehne + Nagel ја проширува својата збирна мрежа до Турција, нудејќи неделен групен транспорт од Истанбул, Турција до Скопје, Македонија и обратно.

Дестинацијата Истанбул – Скопје и обратно, нуди услуга “врата до врата“ секоја недела со транзитно време од 3 до 7 дена, обезбедувајќи брза и фрекфентна поврзаност помеѓу источноевропскиот регион и Турција.

Новата дестинација обезбедува пораст на размена на индустриски производи, како што се машини и пластика, хемикалии и други производи од/до Турција и источноевропските економски центри, а исто така одговара на брзорастечките потреби и барања на извозниците.

Источниот централен магацин во Виена ги поврзува сите поголеми земји од Источна Европа преку 300 директни линии и неделни испораки. Вака поставената збирна платформа обезбедува поголема искористеност на капацитетите, скратено време на испорака и го зголемува бројот на дневни испораки во Европа. Фиксното време на испорака и закажаните испораки Ви гарантираат голема транспаретност и континуитет во транспортниот тек.

Со повеќе од 63.000 вработени на 1.000 локации во повеќе од 100 земји, групацијата Kuehne + Nagel е една од водечките светски логистички компании. Цврстата позиција на пазарот се базира на бродскиот, авионскиот, камионскиот транспорт и договорната логистика, со јасно фокусирање на понудата на IT-базиран ланец на услуги.