Kuehne + Nagel ќе обезбеди производна логистика за голем автомобилски производител

26

kine-nagle-foto

Фото: Kuehne + Nagel

Kuehne + Nagel објави нов повеќегодишен договор со Mercedes – Benz Vans, LLC, дел од Daimler AG Group, за имплементација на производно логистичко решение за новата монтажна линија и производен погон во Чарлстон, Јужна Каролина. Решението ќе обезбеди флексибилно и ефикасно управување со материјали, како и навремена испорака за процесот на монтажа.

Логистичкиот тим на Kuehne + Nagel изработи повеќегодишен иновативен план за логистички операции во производство, со користење на модерен логистички центар. Сеопфатните услуги ќе вклучат примање на стоки, управување со инвентар и подигање во реално време на производи коишто ќе се склопуваат во производниот капацитет.

За имплементација, Kuehne + Nagel го користи својот успешен модел за транзиција и интеграција, којшто вклучува повеќе дисциплински проектен менаџмент и посветени ресурси од националните и регионални организации што обезбедуваат логистички услуги. За да се намали инвентарот, да се зголеми квалитетот и да се намалат вкупните трошоци за секоја единица, Kuehne + Nagel ќе го користи KN производен систем.

“Ние сме среќни што ќе ги прошириме нашите 15-годишни глобални релации со Daimler AG и Mercedes – Benz“, изјави Боб Михок, претседател и главен извршен директор на Kuehne + Nagel за Северна Америка. “Нашите услуги за снабдување во новата фабрика во Јужна Каролина ќе ја подобрат продуктивноста и ќе го зголемат производството на возила. Со нетрпение очекуваме да додадеме вредност на синџирот за снабдување на нашите купувачи за следните години“.