Kuehne + Nagel купи глобален лидер на пазарот за временски ограничени пратки

37

Kuehne + Nagel ја купи Quick International Courier, групација којашто е водечки снабдувач на транспортни и логистички решенија на глобално ниво. Quick е специјализирана за обезбедување на решенија по мерка за потребите на авиоиндустријата, фармацијата и здравствената индустрија, којашто годишно генерира повеќе од 200 милиони долари нето профит. Под нејзино раководство се Sterling Aviation, QuickSTAT, Quick Healthcare и Quick Logistics коишто ќе продолжат да работат како независни брендови.

“Стратегијата на Kuehne + Nagel за спојувања и аквизиции (M&A) е во насока на ширење на нашето влијание, креирање на синергиии и обезбедување на know – how. Аквизицијата на Quick е уште еден акцелератор којшто ќе го забрза развојот на мрежата и ќе го подобри нашето портфолио на кориснички решенија”, вели д-р Детлеф Трефгер, извршен директор на Kuehne + Nagel International AG.

“Оваа аквизиција е важен чекор кон имплементација на нашата стратегија за решенија и потврда за нашата водечка позиција во воздушниот сообраќај. Со својата уникатна експертиза за временски ограничени пратки во областа на воздухопловството и фармацијата и здравството – коишто се клучен стратешки фокус и области за инвестирање за Kuehne + Nagel, компанијата совршено го дополнува нашето постоечко глобално портфолио. Нашите клиенти ќе имаат пристап до многу поголем опсег на услуги и бенефиции за временски ограничени пратки, додека клиентите на Quick ќе добијат пристап до глобалната мрежа на Kuehne + Nagel којашто вклучува повеќе од 100 земји”, вели Ингве Руд, член на Управниот одбор на Kuehne + Nagel, одговорен за авионски превоз.

Quick е основана во 1981 година во Јамајка, Њујорк и има околу 550 вработени чијашто специјалност, помеѓу другите, се пратките Next Flight Out и Next Drive Out. Овој вид на пратки најчесто се итни и на глобално ниво, комплексни и логистички тешки со високи трошоци за неуспех, коишто се одвиваат по строго утврдени протоколи и контролни точки од нарачка до испорака.

“Со нетрпение очекуваме да станеме дел од групацијата Kuehne + Nagel. Поврзување со еден од водечките логистички снабдувачи ќе ни пружи шанси за раст во рамките на глобалната мрежа”, вели Доминик Бишоф Браун, извршен директор на Quick International Courier.

Двете страни решија да не ја откриваат куповната цена. Аквизицијата е предмет на вообичаени услови за затворање и на одобрување од страна на надлежните органи за контрола на спојувањето.