Kuehne + Nagel лансираше две нови услуги

28

kine 1

Со лансирањето на двете нови услуги за збирен камионски транспорт во дванаесет источноевропски држави, Kuehne + Nagel и понатаму го проширува своето портфолио на доверливи и економични камионски услуги, кои ги исполнуваат барањата на своите клиенти. KN EuroLink Fix гарантира фиксна дата на испорака, на ден избран од клиентот по стандардното време на испорака. KN EuroLink First гарантира стандардно време на испорака за високо приоритетни пратки и без ниту еден ден доцнење. Двете услуги ќе се нудат за пратки до 2,5 тона и 2 должински метри, а се базирани на интегрираната збирна мрежа низ цела Источна Европа и транспортен план кој овозможува максимална флексибилност. Целосна прегледност на транспортниот процес е овозможена преку веб базираната алатка за прегледност и контрола KN Login.

“Двете нови услуги на KN EuroLink ќе бидат доста атрактивни за различни видови на компании, како на пример за компании од индустрија за брза потрошувачка до автомобилска индустрија” изјави Јорг Хервиг, постар потпретседател за камионски транспорт во Источна Европа. “Со нашето долгогодишно искуство за збирен камионски транспорт во Источна Европа, ги прилагодуваме овие иновативни услуги да одговаат на брзо растечките побарувања на пазарот за доверлив и ефикасен збирен камионски транспорт.”

kine 2

Овие услуги ќе бидат достапни за: Австрија, Бугарија, Хрватска, Република Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Латвија, Литванија, Полска, Република Словачка и Словенија.

Со повеќе од 66.000 вработени на 1.000 локации во повеќе од 100 земји, групацијата Kuehne + Nagel е една од водечките светски логистички компании. Цврстата позиција на пазарот се базира на бродскиот, авионскиот, камионскиот транспорт и договорната логистика, со јасно фокусирање на понудата на IT-базирани ланец на услуги. Повеќе информации ќе најдете на www.kuehnenagel.mk.