Фото: Kuehne + Nagel
Kuehne + Nagel објави меморандум за разбирање со Alibaba.com за понуда на глобални логистички услуги за клиенти на Б2Б деловната единица на кинескиот лидер за електронска трговија. Во рамки на меморандумот, глобалната логистичка мрежа на Kuehne + Nagel ќе се комбинира со експертизата на Alibaba за Б2Б електронска трговија за да обезбеди логистички решенија за кинескиот гигант.
Стив Су, директор за логистика во Alibaba.com, изјави: “Ние сме задоволни што со нашиот партнер Kuehne + Nagel на малите и средни претпријатија ќе им понудиме логистички услуги и ќе им помогнеме да заработат од можностите за прекугранична трговија“.
Вонг Си Лонг, претседател на Kuehne + Nagel за северна Азија изјави: “Ние сме пресреќни што сме дел од овој меморандум за разбирање со Alibaba.com со цел да се зближи трговската пенетрација на Alibaba со логистичките капацитети на Kuehne + Nagel во светот. За Kuehne + Nagel, основањето на оваа соработка е во рамки на нашата глобална стратегија за дигитализирање на логистичките услуги со цел да се задоволат растечките потреби на клиентите“.
Со повеќе од 70.000 вработени на преку 1.300 локации во повеќе од 100 земји, групацијата Kuehne + Nagel е една од водечките светски логистички компании. Цврстата позиција на пазарот се базира на бродскиот, авионскиот, камионскиот транспорт и договорната логистика, со јасно фокусирање на понудата на IT-базирани ланец на услуги. Повеќе информации ќе најдете на www.kuehnenagel.mk.