Kuehne + Nagel отвора глобален дистрибутивен центар во Словенија

23

Фото: Kuehne + Nagel

Компанијата Kuehne + Nagel отвора дистрибутивен центар за фармацевтски и медицински производи и претставува еден од најголемите во рамки на глобалната KN PharmaChain мрежа. На овој начин, компанијата ја проширува стандардната понуда за компатибилност со G&P за фармацевтската и здравствената индустрија, стои во соопштението.

Новиот објект, којшто е стратешки лоциран во близина на аеродромот во Љубљана, ќе ја води дистрибуцијата на готови производи ширум светот и ќе служи за складирање и дистрибуција на суровини за фармацевтската индустрија. Овој објект е изграден и опремен по еколошки стандарди, а во исто време е во согласност со највисоките безбедносни стандарди и најсовремена технологија за зголемување на сегашниот оперативен капацитет. Дистрибутивниот центар се простира на површина од околу 38.000 метри квадратни, има простор за околу 65.000 места за палети, складирање и дистрибуција на производи што се чувствителни на температура, како и три комори со температура од 15 до 25 и од два до осум степени Целзиусови.

Овој нов објект ја нагласува континуираната заложба на Kuehne + Nagel да ги проширува модуларните и специфичните услуги за шпедиција и складирање во светот. Со глобална мрежа од околу 200 сертифицирани операции, 600.000 метри квадратни индустриски простор за складирање и тим од специјално обучени вработени, KN PharmaChain е фокусиран на услуги за фармацевтската и здравствената индустрија. На овие дејности им нуди стандардизирана, безбедна и усогласена услуга.

Во исто време, компанијата го зајакнува своето присуство на словенечкиот пазар.

“Фармацевтската и здравствената индустрија се меѓу најважните двигатели на растот на Kuehne + Nagel. Оттаму, од стратешка важност е понатамошно зајакнување на нашата интегрирана KN PharmaChain мрежа. Најсовремениот објект во Брник е основа на таа амбиција и му овозможува на Kuehne + Nagel да обезбеди уникатни фармацевтски решенија за зголемената база на клиенти“, изјави Џанфранко Сгро, член на Управниот одбор на Kuehne + Nagel International AG, одговорен за логистика.