Фото: Kuehne + Nagel
Kuehne + Nagel ја проширува одржливата понуда кај глобалните услуги во бродскиот транспорт: почнувајќи од мај 2017, тоталното количество на емисијата на CO2 генерирана од поморските пратки е отпечатена на секоја фактура, со што им помага на шпедитерите да ја идентификуваат при транспортните операции. Со оваа иницијатива, клиентите на Kuehne + Nagel можат да ги подобрат анализите, извештаите и управувањето со емисијата на CO2 предизвикани од нивниот транспортен ланец и со тоа долгорочно да се намали влијанието врз животната средина.
За пресметување на емисијата на CO2 испечатена на фактурите, Kuehne + Nagel ги користи податоците на онлајн платформата Global Seafreight Carbon Calculator (GSCC), при што се обезбедува инстант увид во емисиите на CO2, SOx и NOx за транспорт на цел контејнер (FCL) и за транспорт на групни пратки (LCL) од врата до врата. Податоците за FCL емисија ги собира Clean Cargo Working Group (CCWG), чии членови претставуваат 87% од глобалните движења на контејнери, и се засновани врз основа на реалната потрошувачка на гориво за секој брод, номинална големина на бродот и поминатото растојание.
Ото Шахт, член на Управниот одбор на Kuehne + Nagel International AG, одговорен за бродски транспорт, изјави: “Нашата цел е да ја подигнеме свесноста за влијанието врз животната средина. Ова ќе го подобри донесувањето одлуки земајќи ги во предвид јаглеродните емисии. Преку нашата глобална ИТ платформа, имаме можност на нашите корисници да им испорачаме извештаи и дигитални решенија не само во нашата основна дејност, туку и во област како што е одржливоста. Со цел да им излеземе во пресрет на клиентите да ги постигнат сопствените таргети за намалување на CO2, можеме да им помогнеме во пренесување на товар, при што ќе се генерира најниска можна емисија на јаглерод.”
Прикажувањето на CO2 на фактурите го подобрува постоечкиот калкулатор и е дел од програмата за управување со јаглерод на Kuehne + Nagel, креирана за да се оценува присуството на јаглерод во целиот синџир на снабдување, вклучувајќи ги складирањето и дистрибуцијата. Програмата вклучува поврзување на GTCC со KNLogin, алатка за следење на пратки на Kuehne + Nagel, со што се овозможува онлајн мониторинг на емисијата на CO2 предизвикана од морски, воздушен и копнен транспорт. GTCC не само што ја покажува емисијата на јаглерод диоксид, туку покажува и можни опции за редукција.
Kuehne + Nagel е активен член на Clean Cargo Working Group (CCWG) и ги поддржува целите на групата за намалување на влијанието на глобалниот транспорт врз животната средина. Калкулаторот за мерење е во согласност со европскиот стандард EN16258, методологијата за пресметување на Clean Cargo Working Group и методолигијата на EcoTransIT World.
Со повеќе од 70.000 вработени на преку 1.300 локации во повеќе од 100 земји, групацијата Kuehne + Nagel е една од водечките светски логистички компании. Цврстата позиција на пазарот се базира на бродскиот, авионскиот, камионскиот транспорт и договорната логистика, со јасно фокусирање на понудата на IT-базирани ланец на услуги. Повеќе информации ќе најдете на https://home.kuehne-nagel.com/.