Kuehne + Nagel со нови решенија за подобра дигитална пристапност и соработка

22

Фото: Kuehne + Nagel 

Kuehne + Nagel претстави три нови дигитални решенија коишто ќе придонесат за олеснување и подобрување на комуникацијата помеѓу клиентите и компанијата.

Со новата Kuehne + Nagel апликација (достапна за iOS и Android), клиентите ќе можат полесно да ги следат испораките на Kuehne + Nagel на нивните мобилни уреди. Деталите за секоја испорака се прикажуваат директно, во реално време. Со помош на апликацијата ажурирањата ќе се добиваат преку нотификации, а информациите ќе можат лесно да се споделат со партнерите и колегите преку канали за инстант пораки, мејлови и SMS.

Новиот Контролен центар ќе биде појдовна точка за развој на myKN, иникатен модел за онлајн информации и услуги за резервација интегрирани во една платформа. Во првиот чекор платформата ќе понуди услуги како, резервација, цени и следење на пратките, коишто ќе бидат дополнети со екстра информации на посебна табла, каде ќе можат да се видат и известувања за соработката.

Со користење на модерен интерфејс клиентите ќе можат да го персонализираат Контролниот центар според нивните потреби.

Преку комбинирање на информациите со алатки за соработка, новиот Контролен центар ќе ја зголеми транспарентноста, ќе ги насочи процесите и ќе го поедностави управувањето со синџирот на снабдување за сите кои што се вклучени во него.

Центарот е оптимизиран за десктоп верзија и мобилни уреди и е лесно достапен преку веб страната  www.kuehne-nagel.com.

За своите клиенти во Азија, чија што бројка постојано расте, Kuehne + Nagel ќе претстави мобилна апликација за резервации на поморски транспорт и услуги преку WeChat, популарната социјална мрежа со повеќе од милијарда корисници дневно, која што е продолжение на KN FreightNet. Оваа услуга ќе биде претставена во јуни следната година.

Детлеф Трефгер извршен директор на Kuehne + Nagel International AG изјави:

“Нашата цел е да бидеме снабдувач на вредности поткрепен со најнови податоци. Со креирање на нови дигитални услуги и нов интерфејс, им овозможуваме на корисниците лесно да се поврзат и да соработуваат со Kuehne + Nagel. Освен тоа ние работиме и на лесна размена на податоци помеѓу различни системи коишто би овозможиле минимизирање на мануелната работа за нашите клиенти, партнери и нашата организација.