Кујнски апарати со неограничени можности

339

Деновиве Солопром претстави нова група на производи во кујнскиот сегмент. Освен досегашните плочести материјали и кујнска галантерија, сега може да одберете и од понудата на електрични уреди од шведскиот бренд Електролукс – компанија која е глобален лидер во уреди за домашна употреба, уреди базирани врз длабок увид на потрошувачите и развиени во блиска соработка со професионални корисници.

Понудата ја сочинуваат група на:

  • вградни мултифункционални рерни со свои уникатни особини,
  • вградни индукциски и плински грејни плочи,
  • вградни машини за миење на садовите,
  • аспиратори,
  • вградна микробранова печка, и
  • самостоечки шпорет.

electrolux

Солопром е познат по својата понуда на високо квалитетни и ексклузивни материјали и производи. Со уредите на престижниот Електролукс уште повеќе го поткрепува фактот дека и понатаму ќе продолжи со досегашната политика за висок квалитет.

Сите сакаме во една продавница да најдеме сè што ни е потребно. Со овој потег се обидуваме поблизу да го донесеме и овој дел од кујнскиот сегмент заштедувајќи ви скапоцено време и енергија. Ќе бидеме среќни доколку ви помогнеме со ваквиот потег. Во спротивно би ви биле благодарни за укажаната шанса.

Кујни што инспирираат

Професионална експертиза на вработените во Електролукс, блиската соработка со врвни светски готвачи, резултира со иновации во готвењето и едноставна контрола со само еден допир. Постигнувајќи високи резултати секој пат, нашата понуда на уреди за готвење од сигурниот Електролукс ќе ве инспирира со своите можности.

EOB3454AOX
Мултифункционална вградна фурна EOB 3454 AOX

ФУРНИ

Создадени за професионалци – прилагодени за Вас.

Без сомнение, фурните се еден од најважните уреди во вашата кујна. Клучот на успехот на вашата кујна е во изборот на вистинската фурна, во начинот на кој таа го исполнува просторот, изборот и бројот на функции на готвење и висока класа за енергетска заштеда.

Прикажете го вашиот стил преку нашата понуда дизајнирани да се вклопат во денешните и утрешните модерни линеарни кујнски трендови.

EMS201070X
Вградна микробранова печка EMS 20107 OX

ВГРАДНА МИКРОБРАНОВА ПЕЧКА
Почестете се себе си со вградна микробранова печка со високи перформанси.
Нашиот модел на вградна микробранова печка нуди многу повеќе од едноставно подгревање и одмрзнување. Беспрекорниот дизајн ви дава слобода во распоредот на вашата кујна. Сè е јасно и интуитивно со новите управувачки копчиња на вртење на печката. Само завртете го копчето до посакуваното подесување. Кога имате напорен ден, само искористете ги автоматските програми. Тие ќе се погрижат секогаш да користите вистинско ниво на моќност намалувајќи го ризикот од грешки.

EGE6172NOK
Вградна грејна плоча EGE 6172 NOK

ГРЕЈНИ ПЛОЧИ
Вградните грејни плочи нудат многу предности.

Најпрво, флексибилни се при монтирањето – може да ја поставите во некој агол и да го искористите тој дел од кујната или да ја потенцирате поставувајќи ја на некој островски елемент. Исто така, може да одберете модел со стил и финиш кој одлично се вклопува во Вашата кујна.

Гасните грејни плочи се прекрасно стилизирани да се вклопат со рерните на Електролукс. Тие ја следат философијата на скандинавскиот дизајн на едноставност и чистота.

ZCV65201
Самостоечки шпорет ZCV 65201 WA

САМОСТОЕЧКИ ШПОРЕТ

Практичен, сигурен и лесен за користење и со минимално одржување, овој шпорет ви дава сè што ви треба за да постигнете добри резултати во подготвување на храната.

Ќерамичката површина на плочата побрзо се загрева од обичните плочи, овозможувајќи ви многу побргу да ја приготвите храната. Со функции како горен и долен грејач, скара и вентилатор, оваа повеќефункционална рерна го олеснува подготвувањето храна – без разлика што има на менито.

Untitled
Телескопски аспиратор EFP 6440 X

ТЕЛЕСКОПСКИ АСПИРАТОР

Искористете го ограничениот простор во својата кујна на најдобар начин со овој сосема интегриран кујнски уред на извлекување.

Благодарение на лесното и едноставно управување по пат на лизгачка контрола, со оваа кујнска направа лесно се управува. Алуминиумскиот филтер за маснотии кој лесно се вади и мие, секогаш обезбедува оптимална ефикасност на вашата направа. Силниот мотор на оваа кујнска направа овозможува брза, силна и ефективна вентилација, при што вашата кујна би се ослободила од чадот и сите кујнски мириси.

vasa-vizija-footer-580