Кујнски решетки за цедење на садовите

648

Креативноста во една кујна не се гледа само во надворешниот изглед на истата. Убавината е во спојот на креативноста и функционалноста во една целина. Постојат повеќе начини максимално да ги искористите внатрешниот простор на кујнските елементи. Како примери, во оваа објава вниманието ќе го насочиме кон два производа со иста функција, но различно место на поставување во кујната.

glavna_resetki

Прво ќе ја претставиме решетката за сушење на чаши и чинии која се поставува во внатрешноста на висечките елементи. Достапна за висечки елементи со ширина од 600, 800 и 900 мм, како и можноста за купување одделно на сите компоненти или како комплет уште повеќе додава на својата функционалност.

Ставете крај на вечниот неред од чаши и чинии кои се наоѓаат насекаде и нека организираноста биде дополнителен мотив за нејзиното поставување.

resetka

Посветете внимание и во разубавувањето и исполнувањето на просторот и во долните елементи од Вашата кујна. Како второ решение го претставуваме механизмот за сушење на чиниите и чашите за долните елементи. Бидејќи овој систем е составен од лизгачи со меко затворање се поставува како фиока (со ширини од 450 и 600 мм), а ова претставува одлична можност да се искористат неговите корисни особини доколку долниот дел на кујната е целосно изработена со фиоки.

1703_pc

Кога ќе одлучите да го опремите домот со нова кујна или ќе одлучите да ја освежите старата, сетете се на овие два производа. Убедени сме дека ќе ги исполнат сите Ваши очекувања во поглед на естетиката, а најмногу пред сè, на функционалноста.

soloprom_footer