Куќа дрво – проект на иднината

57

23

Данскиот студент по архитектура Конрад Војчик, дизајнираше живеалиште за оние кои сакаат да бидат што поблизу до природата, а сепак недалеку од градот.

Проектот наречен Primeval Symbiosis ќе биде всушност куќа во облик на дрво која би била во целосен склад со околните борови шуми, со што би имала многу мало влијание врз околината. Војчик, како што вели, инспирацијата ја добил од самите борови дрвја и од тоа како животните прават засолништа во нив.

primeval-symbiosis-07

Куќата би користела исклучиво обновливи извори на енергија, така што чистиот воздух, вентилацијата и свежината би биле особена предност.

Едната страна на куќата планирано е да биде целосно прекриена со сончеви панели, во неа ќе има вградено топлинска пумпа, а отпадот ќе се преработува по природен пат.

o-PS-facebook

Исто такам овој дрвен дом ќе има големи прозорци кои ќе придонесат за добра вентилација и за максимално користење на сончевата светлина. Кога повеќе нема да биде потребна куќата ќе може и да се рециклира.

single-pole-house-architectural-rendering

Според идејното решение на студентот, домовите ќе бидат на четири ката и во нив ќе можат да живеат најмногу четири лица. Војчик ги замислува овие живеалишта како како еден вид одржливо предградие, на пристојна оддалеченост една од друга со цел станарите да имаат приватност.

Тој моментално е во потрага по проектанти кои овој проект би го превориле во реалност.