Куќа на пивото – концепт посветен на пивото достапен преку франшиза

97

kuka na pivoto

Три соби, четири приказни, една Куќа на пивото е концепт од Хрватска, што сега е достапен и преку франшиза во сите земји од регионот, пишува Франшизинг.хр.

На идеја за ваков концепт дојде Жељко Шпалат од Славонски Брод, кој ја отвори оваа пивска оаза во традиционалниот вински крај на земјата. Бидејќи неговата идеја се покажа како успешна, сега одлучи истата да ја сподели преку франшиза.

Куќата, во којашто се слави вкусот на пивото, е стара 250 години. Во нејзе со децении бил сместен познатиот ресторан Антик, препознатлив по кулинарските специјалитети и сликарски изложби. Жељко од три целини, односно три соби, создаде Пивска соба, ресторан Антик и Beer Food, а на тоа го додаде и четвртиот концепт – кетеринг.

pivska soba

На ѕидот во Пивската соба се наоѓаат 1.500 пивски шишиња кои доаѓаат од целиот свет. Изложени се и повеќе од 400 видови на различни чаши, а посетителите можат да пробаат некое од 200-те пива што им се нудат.

beer food

Beer Food е дел од Куќата на пивото во којшто се послужува брза храна, а базата на јадењата е пивското тесто, со класични оброци што се служат во пивниците – хамбургери, колбаси, сендвичи, ќебапи и пици.

antik

Во ресторанот е зачуван стариот дух на Антик, каде што се послужуваат специјалитети од месо, риба, тестенини. Акцентот се става на домашната храна, што е произведена во околината. И во ресторанот и во Beer Food гостите можат да креираат оброк по нивен избор со помош на таблетот поставен на секоја маса.

Франшизата се дава на целиот концепт на Куќата на пивото, којшто ги вклучува трите соби и кетерингот, или како франшиза за еден од трите концепти. Иако примателот на франшизата не мора да го смести овој концепт во куќа, тоа би било идеално. Корисникот на франшизата ќе ги добие рецептите за подготовка на тестото, како и комплетната обука за работа.