Куќа од соништата на Техномаркет и Самсунг на саемот Технома

42

6de3dbd9-a740-4f1a-a054-a68dbfe150d4На годинешниот Меѓународен саем Технома беше презентирана и Куќа од соништата, направена според врвни и најмодерни дизајнерски и технолошки решенија претставувајќи ја совршената слика за тоа како треба да изгледа еден идеален дом.

Креатори на Куќата се познатите брендови, Техномаркет и Самсунг, а за нејзиното уредување искористени се најсовремени Самсунг производи, како и производите на Coincasa, италијанскиот бренд за уредување во домот.

За секој заинтересиран посетител на Куќата следува купон со попуст кој може да биде искористен во било која продавница на Техномаркет до 20 октомври 2013 година.

Меѓународниот саем Технома ќе трае до 19 октомври 2013 година. Во тој период, сите посетители ќе можат од 10.00 до 19.00 часот да ја посетат и да ги тестираат Самсунг производите во уникатната куќа од соништата на познатите брендови.