Куќа што се дига “на нозе” во случај на поплава

21

kukja

Elevating House на прв поглед изгледа како типична англиска куќа, меѓутоа кога ќе надојде вода, таа го покажува нејзиното вистинско светло. Компанијата Larkfleet Group креираше револуционерен проект на куќа која во случај на поплава може да се подигне на висина од 1,5 метри во рок од само пет минути.

Куќата тешка 72 тона се подига со помош на осум механички дигалки составени од мотори, управувач и подвижни челични конструкции. Оваа куќа може да се демонтира и повторно да се изгради на друга локација, пишува Inhabitat.

Препорачливо е станарите да ја напуштат куќата пред нејзиното подигнување како дополнителна мерка на безбедност. Преку соларните панели инсталирани на покривот, куќата ќе ја добива потребната енергија за време на поплавата, а флексибилниот систем на цевки ќе остане поврзан со водоводната и канализациската мрежа.

Доколку компанијата Larkfleet Group добие градежна дозвола, ваквата куќа би можела да се изгради во 2017 година, а потоа би следел периодот на тестирање.