Куќарки од стиропор и слама како привремени засолништа за бездомни животни

157

flaer

Хуманитарна акција за обезбедување и правење привремени засолништа за бездомни животни се организира утре во Јавна Соба.

Во просториите на Јавна Соба, утре од 17 до 18 часот, ќе се изработуваат куќарки од стиропор и слама, што ќе бидат привремени засолништа за сите бездомни животни. Потоа, планирано е поставување на изработените куќарки на различни локации низ градот.

Сите заинтересирани може да помогнат и со донирање на сметката на Анима Мунди:
Денарска сметка: 240090002006130 Депонент: Уни Банка АД – Скопје со назнака За топол дом или онлајн на следниов линк.

Кутија со донации ќе биде поставена во Public Room од 17 до 18 часот, а средствата ќе се користат за подметачи, храна и основни намирници за оние кои веќе згрижиле или ќе згрижат животинче, макар и привремено од студот, како и за превоз од Јавна соба на одредена локација (по договор) и за храна за кучиња, слама, ќебенца и материјали.

Тимот на компанијата Нептун ќе обезбеди стиропор и кутии за изработка на овие привремени засолништа.