Куќи за едно евро во средновековно гратче и даваат 25.000 евра за реновирање

52

Италијанското гратче Троина се приклучи на проект за зголемување на во помалку населени места со продажба на недвижнини за едно евро, што веќе беше испробан рецепт во неколку градови во последните две години.

Едно евро е почетна цена на аукцијата, а заинтересираните даваат свои понуди од кои се избира најдобрата.

Сепак, Троина отиде чекор подалеку. Додека во претходните понуди, услов за купување на имот за едно евро беше имотот (а најголемиот дел е во распадната состојба) да се реновира на свој трошок, во Троина тие одлучија да преземат дел од трошоците за реновирање.

Градскиот совет ќе плати вкупно 25.000 евра на купувачи на напуштени куќи, од кои 15.000 се за реновирање и 10.000 за енергетско обновување. Новите жители на Троина нема да мора да плаќаат данок на градот и данок на недвижен имот во текот на првите три години.

Затоа, не е изненадувачки што најавата за продажба на куќи по ниска цена и покривање на дел од трошоците за реновирање предизвика голем интерес. Деновиве ќе бидат ставени на аукција околу 30 куќи, а подоцна и уште стотина.

Купувачите треба да платат депозит од 5.000 евра, што ја докажува сериозноста на нивната понуда, но им се враќа по завршувањето на реновирањето. Имаат две години да започнат со работа и сè мора да се заврши во рок од три години по купувањето.

Фото: Facebook