Куќите на Икеа и УНХЦР од 1.000 долари подготвени за масовно производство

50

ikea

По две години истражување и дизајнирање на филантропското одделение на Икеа фондацијата во партнерство со УНХЦР (Висок комесаријат за бегалци на Обединетите нации), новите куќи за бегалци се подготвени за масовно производство. Куќите веќе се тестирани во кампови во Етиопија, Ирак и Либан.

За реализација на оваа идеја Икеа потрошила 4,5 милиони долари. Монтажните куќи чинат 1.000 долари и имаат трајност до три години, за разлика од шаторите, кои траат до шест месеци.

Куќите ќе се испорачуваат во четири картонски кутии тешки 100 килограми. Деловите ќе можат да се монтираат без употреба на дополнителен алат. Во куќата може да се смести петчлено семејство. На покривот има помала соларна плоча, која обезбедува струја за светилка и УСБ приклучок.

Целта на производот е бегалците од многу земји да добијат подобро и потрајно место на живеење.

1

2

3

4