Дали ви се случува да го забележите напишаното во насловот во многу продавници, бутици… Постојат одредени ситуации кога не постои можност за замена на производот:
- Не може да се заменат дигитални содржини кои лесно може да се инсталираат на дигиталниот уред,
- Нема да можете да замените книга којашто сте ја прочитале
- Нема да можете да замените храна и помошни лековити супстанци кои се чуваат според определени упатства, а за кои продавачот не е сигурен дека сте ги испочитувале.
Во законот за заштита на потрошувачите ви е дадено право за замена на купен производ што не ви одговара, се посочува во Брошурата под името право за замена на Министерството за економија и Организацијата на потрошувачи на Македонија.
За да го остварите тоа право, треба да знаете дека доколку се исполнети законските услови може да го замениме купениот производ во рок од 15 дена од денот кога производот е купен. Трговците имаат право да го продолжат овој рок и најчесто дозволуваат замената да се направи во рок од 30 дена. Не се работи за несообразност на производот, туку за можност производот што нема никакви недостатоци да се замени.
За да можете да го замените производот што претходно сте го купиле треба да бидат исполнети овие услови:
- Производот не смее да биде употребуван (ако се работи за текстил или обувки, не смеат да се носат; ако станува збор за тенџере, не смеете да готвите во него, па дури ни да се измие; ако е во прашања враќање на книга, треба да остане во обвивката, а ако станува збор за апарат за домаќинство, не треба да се употреби).
- Изгледот на производот мора да биде сочуван (не смее да се кине картонската кутија во којашто е спакуван; не смее да се развлекува или тутка текстилот).
- Мора да се сочуваат употребните својства (не смеете да ги извадите да го држите на топло или ладно производот што мора да се чува на одредена температура; не смеете да го изгубите упатството за склопување што оди со производот).
- Треба да биде сочувана пломбата и фабричките етикети на производот (не смее да се извади лента, печат или бандерола од производот; не смеат да се извадат етикети од обвивката и етикетите на самиот производ).
И на крајот, мора да имате фискална сметка или сметкопотврда којашто сте ја добиле при купување на производот.
Трговците можат да ви ги вратат парите ако во рок од 15 дена ако нема производ што би можел да биде соодветна замена. Ова значи дека на касата треба да ви го вратат целиот износ што сте го платиле откако вие ќе го предадете предметот што сте го купиле. Друга можност е да ви напишат нова белешка дека имате право да земете производ во извесен период не подолг од 30 дена, со доплата или со враќање на дел од платената цена. Во ваков случај, трговецот треба да ве извести дека добил таков производ.