Kuper.mk – нова платформа за електронска трговија

30

kuper

Електронска трговија или eCommerce значи трговија на производи/услуги преку интернет. Овој вид на трговија не е нешто ново во Македонија. Македонците често го користат овој начин на трговија за да купат нешто од удобноста на својот дом.

Kuper.mk е нова платформа за електронска трговија. На оваа платформа ќе се продаваат производи наменети за широка потрошувачка како што се: облека, модни додатоци, мобилни телефони и таблети, компјутери и електроника, сè за дом и градина, авто-мото галантерија и друго. Производите се поделени во 16 категории и над 100 поткатегории.

Во моментов платформата се полни со производи од гореспоменатите категории. Тоа вклучува склучување на договори со продавачи, фотографирање на производите и нивно објавување, а откако ќе го постигне потребниот број на производи, ќе биде пуштена во етерот.

“Ги повикуваме сите заинтересирани помали фирми од Македонија, кои сакаат да прават електронска трговија, слободно да се приклучат и заедно да изградиме една огромна мрежа на продавачи и купувачи”, стои во соопштението.

Повеќе информации тука.