Купил часовник на попуст пред 46 години, сега изнесува 700.000 долари

155

Еден маж го донел својот Rolex  часовник во американската емисија Antiques Roadshow, во која се бараат скриените богатства во земјата, за да ја открие сегашната цена на неговиот часовник.

Тој го купил часовникот во 1974 година за само 345,97 долари со 10% попуст, но се “онесвестил“ кога проценителот му открил дека сега неговата вредност е 700.000 долари.

Станува збор за Rolex Oyster, број 6263. Сопственикот на скапоцениот часовник рекол дека го купил бидејќи дознал дека е добар за нуркање, но бидејќи далечната 1974 година за него ја дал месечната плата, заклучил дека е премногу скап за да нурка со него.

Часовникот го чувал во сеф скоро 40 години и не само што е во беспрекорна состојба, сопственикот ја чува и гаранцијата, оригинална брошура и две оригинални кутии кадешто бил спакуван Rolex часовникот, пишува CNN.

Фото:Printscreen