Курирање и дизајнирање виртуелни изложби на PrivatePrint Studio по идеја на Борко Хаџиевски

240

Приспособување на новите услови единствено има смисла за нас доколку го правиме тоа преку содржини коишто, иако произлегуваат од потребите на продолжителната кризна ситуација во светот, имаат потенцијал да се развијат во содржини со сопствена вредност.

Во таа насока, започнува колаборативната програма PrivatePrint – VR Studio за курирање и дизајнирање виртуелни изложби. Оваа програма започна по идеја на архитектот и 3Д-дизајнерот Борко Хаџиевски, еден од основачите на PrivatePrint Studio, кој ја изработи виртуелната верзија на студиото. На даден предлог од уметник, тимот на PrivatePrint – VR Studio курира, моделира и просторно дизајнира изложба целосно поставена во виртуелниот простор.

Борко Хаџиевски е архитект и 3Д дизајнер кој живее во Шведска. Во моментов работи за архитектонското студио New British Design. Во неговата архитектонска практика претежно работи на станбени и комерцијални објекти. Главни интереси му се одржлив дизајн и дигитална фабрикација за некомерцијална употреба. Во периодот од 2017-2020, како волонтер во Ексетер Фаблаб ѝ помага на заедницата да се запознае со алатки за виртуелна реалност, фотограметрија и 3Д печатење, како дел од движењето за демократизација на дизајнот и правото на поправање и модификација.