Квадрат стан во Белград платен над 9.700 евра

59

Најскапиот квадрат на станбен простор во вториот квартал од оваа година во српската престолнина е купен во комплексот Белград на вода по цена од 9.721 евро, наведува тамошниот Геодетски завод во извештајот за пазарот на недвижнини во вториот квартал од оваа година.

Најниската цена на квадрат во истиот комплекс била 2.598 евра.

Втор станбен комплекс во Белград со највисока цена бил West 65 во Нов Белград, каде најскапиот квадрат е платен 4.733 евра.

Вкупниот обем на парични средства на пазарот на недвижнини во вториот квартал од оваа година е скоро 1,6 милијарди евра, што е зголемување за двапати во однос на истиот квартал минатата година, односно 1,6 пати во однос на вториот квартал од 2019 година.

Обемот на промет во вториот квартал од оваа година бил помал, што се одрази и на количината на пари на пазарот.

Најголем удел во вкупниот промет имаат становите со 57%, станбените објекти со 10%, градежното земјиште со 8%, деловниот простор со 5% и земјоделското земјиште со 3%.

Фото: Pexels