Квантас ќе го замени Боинг со Ербас за домашните линии

23

Австралиската компанија Квантас (Quantas) објави дека постигнала начелен договор со европскиот производител на авиони Ербас за купување до 134 авиони А320 и А220. Договорот е дел од процесот на обновување на флотата на авиони со средни релации, со што авиокомпанијата ќе го замени Боинг 737.

„Откако ќе биде финализиран до крајот на 2022 година, договорот ќе стане најзначајниот во историјата на австралиската авијација“, се вели во соопштението на Квантас.

Испораките ќе започнат на почетокот на 2024 година.

Првата нарачка ќе биде за 40 авиони A321 AXXRR и 20 авиони А220, стои во текстот на договорот.

Последователно, Квантас ќе има можност да искористи 94 дополнителни опции за купување во следните 10 години, со цел постепено да ги укине Боинг 737-800 и Боинг717 (Б717).

Оваа нарачка е додадена на барањето направено од Џетстар (Jetstar), нискотарифна филијала на Квантас, за над 100 авиони A320нео. Така, трите компании од групата – Квантас, КвантасЛинк и Џетстар ќе имаат можност за повеќе од 299 авиони во следната деценија.

Вредноста на зделката не беше откриена ниту од производителот на авиони ниту од авиокомпанијата. Квантас се ограничи само да нагласи дека има значителен попуст на цената.

Авиокомпанијата забележа дека А320 Ексел може да превезува 15 отсто повеќе патници на секој лет од Боинг 737-800 што моментално ги користи.