КЗК го одобри спојувањето на ОНЕ и ВИП

46

mob1-580x386

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) ја одобри концентрацијата со која мобилком Мацедониен Бетеилигунгсфервалтунг ГмбХ Виена, Австрија ќе стекне контрола над ОНЕ телекомуникациски услуги ДООЕЛ Скопје, се наведува во соопштението на КЗК.

“Комисијата за заштита на конкуренцијата на седница одржана на 08.07.2015 година донесе решение со кое ја одобри концентрацијата со која мобилком Мацедониен Бетеилигунгсфервалтунг ГмбХ Виена, Австрија ќе стекне контрола над ОНЕ телекомуникациски услуги ДООЕЛ Скопје под услов да се исполнат обврските доставени од учесниците во концентрацијата“, се вели во соопштението.

До Комисијата на 30.12.2014 година, согласно одредбите од член 15 став (1) од Законот за заштита на конкуренцијата мобилком Мацедониен Бетеилигунгсфервалтунг ГмбХ (ММБ), Виена, Австрија како непосредно владејачко друштво на Друштвото за комуникациски услуги ВИП ОПЕРАТОР ДООЕЛ Скопје и Телеком Словеније д.д. Словенија како директно владејачко друштво на ОНЕ телекомуникациски услуги ДООЕЛ Скопје, вклучително и како директно владејачко друштво на ДИГИ ПЛУС МУЛТИМЕДИА Друштво за телекомуникациски услуги ДООЕЛ Скопје, поднесоа заедничко известување за планирано спојување меѓу ВИП и ОНЕ (вклучувајќи го и ДИГИ) во новоформирано друштво во кое ММБ ќе има единствена контрола.

“Врз основа на известувањето за концентрација и дополнително прибавените податоци и документи во текот на постапката Комисијата при оценка на предметната концентрација утврди дека пријавената концентрација ќе доведе до нарушување на конкуренцијата на: пазарот на обезбедување на мобилни телекомуникациски услуги. Спојувањето на ОНЕ и ВИП, кои се втор и трет мобилен оператор, ќе доведе до значително нарушување на ефективната конкуренција и пазар на обезбедување на услуги на пренос на аудиовизуелни содржини до крајни корисници. Имено реализацијата на предметната концентрација ќе значи дека друштвата БЛИЗУ МЕДИА ЕНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје и ДИГИ ќе станат дел од иста групација“, наведуваат од КЗК.