L’Oreal и Alibaba со заедничка апликација за пациенти кои имаат проблеми со кожата

28

Фото: Spotscan

Францускиот козметички бренд L’Oreal заедно со кинескиот гигант Alibaba развиваат апликација што се базира на вештачка интелигенција со цел да им помогне на пациенти кои имаат проблеми со кожата, пишува Computerweekly.

Апликацијата, што го носи името La Roche – Posay Effaclar Spotscan е дизајнирана да им обезбеди на корисниците прецизни стручни совети за тоа како да ја третираат нивната проблематична кожа.

L’Oreal обезбеди над 6.000 фотографии од кожа прекриена со акни, по што тимот на Alibaba, ги искористи тие информации да создаде модел што ќе ги анализира оние што ќе ги испраќаат корисниците.

Апликацијата првично ќе биде достапна само во Кина, каде што според компаниите, има само еден дерматолог на 60.000 жители.